• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Нетанјаху можеби го одложува крајот на војната во Газа од политички причини

Бајден: Нетанјаху можеби го одложува крајот на војната во Газа од политички причини

Вашингтон, 4 јуни 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху можеби го одложува крајот на војната во Газа поради политички причини, изјави американскиот претседател Џо Бајден во интервју за магазинот „Тајм“.

Бајден ги даде коментарите на 28 мај, неколку дена пред да даде детален предлог за прекин на огнот во Газа, а израелскиот премиер се бори со длабоки политички поделби во неговата земја.

-Постојат сите причини луѓето да го извлечат тој заклучок, рече тој на прашањето дали мисли дека Нетанјаху ја продолжува војната од политички причини, рече тој.

Бајден вели дека е „неизвесно“ дали израелските вооружени сили извршиле воени злосторства во Газа. Тој бара прекин на речиси осуммесечната војна.

Минатиот месец, обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг побара налози за апсење на Нетанјаху и шефот на одбраната, како и тројца лидери на Хамас, под обвинение за воени злосторства.

Анкетите покажуваат дека повеќето Израелци ја поддржуваат војната, но го обвинуваат Нетанјаху за безбедносни пропусти кога вооружени лица на Хамас упаднаа во израелските заедници во близина на Газа на 7 октомври.

Масовните протести станаа неделни настани, при што десетици илјади луѓе бараат од владата да стори повеќе за да ги врати заложниците земени од Хамас на 7 октомври и повикуваат Нетанјаху да замине од фукнцијата. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан