Бајден на виртуелен самит со НАТО членките од источна Европа
- Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска учествува на самит со НАТО земјите од источна Европа. Настанот се одржува во виртуелен формат во Букурешт, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Вашингтон, 10 мај 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска учествува на самит со НАТО земјите од источна Европа. Настанот се одржува во виртуелен формат во Букурешт, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Според одредени американски медиуми, фокусот на учесниците на самитот се проблемите поврзани околу безбедноста на црноморскиот регион и ситуацијата во Украина.
Претседавачи се романскиот и полскиот претседател, Клаус Јоханис и Анжеј Дуда.
-Драго ми е да му посакам добредојде на Џо Бајден на самитот „Букурешка деветка“, напиша Јоханис на Твитер.
Тој истакна дека на самитот ќе учествува и геералниот секретар Јенс Столтенберг, а фокусот на вниманието ќе бидат трансатлантските врски, НАТО-2030, одбраната и задржувањето (на заканите) на источното крило.
„Букурешката деветка“ се состои од Бугарија, Романија, Словачка, Чешка Република, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Унгарија. Покрај Бајден и Столтенберг, сите претседатели на овие земји ќе учествуваат на самитот.
Првиот самит на оваа група земји се одржа во ноември 2015 година во Букурешт. Групата потоа организираше средби во 2018 година во Варшава и во 2019 година во Кошице. кб/