• среда, 10 јули 2024

Бајден задутре ќе се сретне со Зеленски

Бајден задутре ќе се сретне со Зеленски

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден в четврток попладне ќе се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека средбата ќе се одржи на маргините на самитот на НАТО, непосредно пред состанокот на Советот на НАТО-Украина.

Тоа ќе биде трет пат двајцата лидери да се сретнат во последните недели, потсети таа. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан