• среда, 18 декември 2024

Бајден го укина студентскиот долг за повеќе од 800.000 Американци

Бајден го укина студентскиот долг за повеќе од 800.000 Американци

Вашингтон, 14 јули 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе укине студентски заеми во вредност од 39 милијарди долари за повеќе од 804 илјади кредитори, објави денеска американското Министерство за образование.

Простувањето на долгот ќе биде достапно за оние кои најмалку 20 години плаќаат месечни рати под отплата според приходите (ИДР).

Програмата ИДР го ограничува износот на отплата на должници со пониски приходи и им го простува преостанатиот износ по одреден број години.

-Предолго, позајмувачите паѓаа низ пукнатините на расипаниот систем кој не успеа точно да го следи нивниот напредок кон простување на долговите, изјави министерот за образование Мигел Кардона.

Министерството за образование на САД работи на правила за да продолжи со планот за олеснување на заемот од 430 милијарди долари. Се очекува тој процес да трае со месеци. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан