• недела, 23 јуни 2024

Бајден во Лос Анџелес собира средства за неговата кампања со Обама и актерите

Бајден во Лос Анџелес собира средства за неговата кампања со Обама и актерите

Лос Анџелес, 15 јуни 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Лос Анџелес ќе присуствува на собирање средства за неговата кампања со врвни холивудски познати личности и поранешниот американски претседател Барак Обама.

Телевизискиот водител Џими Кимел ќе го интервјуира Бајден, а Обама и актерите Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе бидат гости на собирањето средства, објавија британските медиуми.

Тимот за кампањата на Бајден очекува со денешната акција да се повтори успехот постигнат во март во Њујорк, кога актерот и водител Стивен Колберт беше домаќин на Бајден, Обама и Бил Клинтон и кога беа собрани 26 милиони долари. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан