Башеле: Во Сирија страдаат цивили и покрај примирјето
- Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Башеле денеска повика на итен прекин на непријателството во Идлиб, истакнувајќи дека најновото примирје во Сирија „повторно не успеа да ги заштити ц
Женева, 17 јануари 2020 (МИА) - Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Башеле денеска повика на итен прекин на непријателството во Идлиб, истакнувајќи дека најновото примирје во Сирија „повторно не успеа да ги заштити цивилите“.
- Ужасно е што цивилите се уште секојдневно страдаат во ракетни напади од воздух и од земја, рече Башеле по повод прекинот на огнот што требаше да биде применет пред речиси една недела.
Околу 350.000 Сиријци, претежно жени и деца, избегаа од офанзивата во провинцијата Идлиб од почетокот на декември и побараа прибежиште во пограничните области со Турција, соопштија Обединетите нации. паг/