Башеле: Да се отстранат последиците од ропството и расната дискриминација
- Комесарката на Он за бегалци, чилеанската политичарка Мишел Башеле денеска ги повика земјите-членки на ОН да дадат целосен придонес за финансирање на сеопфатните мерки „за елиминирање на посл
Женева, 12 јули 2021 (МИА) - Комесарката на Он за бегалци, чилеанската политичарка Мишел Башеле денеска ги повика земјите-членки на ОН да дадат целосен придонес за финансирање на сеопфатните мерки „за елиминирање на последиците од ропството, колонијализмот и расната дискриминација“.
Таа пред Високиот совет на ОН за човекови права презентираше извештај за главните насоки на дејствување на кои беше ангажиран УНХЦР по полициското убиство на Џорџ Флојд во САД.
Како што јавуваат странските агенции, работата на извештајот траеше една година и се очекува да предизвика силен поттик за зајакнување на глобалните напори за уривање на расизмот и влијанието на расизмот врз луѓето со африканско потекло.
Башеле изјави пред Советот дека не може да се најде ниту еден пример на држава што сеопфатно се осврнала на негативните ефекти од минатото или објавила дека расизмот и дискриминацијата денес влијаат на потомците на африканските робови „и покрај некои обиди да се најде вистината преку извинување, правни постапки и негување култура на сеќавање".
Таа препорача сите земји да создаваат, зајакнуваат и целосно финансираат сеопфатни мерки, да ја споделуваат вистината за сè што е направено.
Американскиот претставник во Женева, Бенџамин Милинг го поздрави извештајот преку видео врска и го оцени како „прониклив и отворен“. паг/