• понеделник, 23 декември 2024

Бачев: Поднесовме иницијатива со Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните од 27 април

Бачев:  Поднесовме иницијатива со Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните  од 27  април
Скопје, 17 феврури 2021  Единствена Македонија, денес, среда, 17 февруари 2021 во Собранието поднесе Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија, по скратена постапка. Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече -“Денеска во Собранието поднесовме Иницијатива со Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија. Пред пет дена Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда со што драконските казни од близу 200 години затвор за уставобранителите остануваат, а за еден дел од учесниците се уште се води постапка пред кривичниот суд. Очекуваме законот да биде прифатен од пратенициите, очекуваме од нив и нивните лидери да покажат државнички капацитет и силно лидерство со кое ќе го израдуваат народот и ќе дојде до надминување на поделеноста меѓу граѓаните и партиите. Доколку повеќе, лицата на 27 април во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова добива на тежина ако се знае дека на своевиден начин е потврдено при давањето на мандатот за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки со што и претседателот ја потврди општествената опасност. Законот опфаќа решенија на поширока основа, значи сите учесници во настаните од 27 април како осудените така и лицата против кои се уште се води постапка. Со законот се бара целосно ослободување од кривичен прогон, запирање на постапките и потполно ослободување од натамошното извршување на казната затвор. Сметаме дека условите се созреани во целокупниот политички систем, како и несправедливоста и апсурдноста да се гонат и осудат лица кои влегоа во Собранието со силна верба во одбраната на уставниот поредок. Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните зандани на Идризово само поради неизмерната љубов кон Татковината. Очекуваме пратениците да бидат на висината на задачата, посебно апел до пратениците од албанското малцинство, бидејки во 2001 имавме амнестија за многу потешки работи, за лица за напад на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, а сега имаме спротивна ситуација, бараме амнестија на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок. Инаку, законот согласно Деловникот на Собранието е предложен да биде усвоен во скратена постапка“ - истакна Бачев. Со почит, Центар за комуникации на Единствена Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан