• петок, 20 март 2026

Барселона најмалку пет недели без повредениот Де Јонг

Барселона најмалку пет недели без повредениот Де Јонг


Барселона, 26 февруари 2026 (МИА) – Лидерот на табелата во Ла Лига, Барселона, ќе биде во следните пет недели без својот играч од средниот ред, Френки де Јонг, поради повреда, објави денеска весникот „Марка“.
Холандскиот фудбалер почувствувал болка во бутот за време на денешниот тренинг, а медицинските тестови покажале дека станува збор за кинење на бутниот мускул.
Оваа сезона, 28-годишниот Де Јонг е еден од клучните играчи на Барселона со 31 настапи на кои постигна еден гол и додаде седум асистенции.
Барселона е лидер во шпанското првенство со 61 бод, еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан