• недела, 24 ноември 2024

Барселона две недели без повредениот Олмо

Барселона две недели без повредениот Олмо


Барселона, 16 септември 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо, најверојатно ќе биде надвор од теренот во следните две недели, откако изминатиот викенд се повреди на натпреварот од 5. коло во Ла Лига против Жирона (4:1), јавија денеска шпанските медиуми.
Олмо се најде во почетниот состав и постигна гол во гостинската победа над Жирона, но беше заменет во 61. минута поради повреда.
Според весникот AC, фудбалерот на Барселона има проблеми со задниот дел на бутот и закрепнувањето би можело да потрае помеѓу 10 и 14 денови.
Барселона, која е лидер во шпанското првенство со максимални 15 бодови, в четврток ќе му гостува на Монако во воведното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан