Барање од УСС УКИМ до Владата
- СООПШТЕНИЕ - Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ во Скопје испрати барање до Влада на Република Северна Македонија, чиј предмет е Распишување студентски конкурс за решение за фасади на новите објекти на ФИНКИ и ДИФ.
3 септември 2024
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ во Скопје испрати барање до Влада на Република Северна Македонија, чиј предмет е Распишување студентски конкурс за решение за фасади на новите објекти на ФИНКИ и ДИФ.
Образложение:
По изразено незадоволство за моменталното решение особено за фасадите на претходно наведените постоечки објекти, потребен е конкурс што ќе ги поттикне студентите да создадат иновативен и одржлив дизајн кој ќе соодветстува на кампусот.
Ова овозможува да се спроведе најкреативното и најсоодветното економско исплатливо решение, избрано по критериуми на стручен кадар. На овој начин би се задоволиле потребите на студентите на ФИНКИ и ДИФ, воедно би го мотивирал процесот на доизградба на објектите.
Претседател на Универзитетско студентско собрание:
Александар Николовски
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки