• понеделник, 23 декември 2024

Банка за меѓународни порамнувања: Многу земји тешко ќе најдат замена за руската нафта

Банка за меѓународни порамнувања: Многу земји тешко ќе најдат замена за руската нафта
Базел, 20 септември 2022 (МИА) - Многу земји тешко ќе најдат замена за ограничената или блокирана испорака на руската нафта. Нејзиното поскапување ќе се одрази и на пазарите на земјоделски суровини, предупреди Банката за меѓународни порамнувања. Основен проблем е големиот пазарен удел на руската нафта, оценува Банката, потсетувајќи дека Русија сочинува една десетина од светскиот извоз. Губењето руски нафтени деривати би било голем шок за глобалната економија. Малку е веројатно други производители да имаат доволно капацитети да го надополнат недостигот, нагласува Банката во тримесечниот извештај, објавен во текот на вчерашниот ден. Дополнително, вложувањето во истражување и експлоатација на нови нафтени извори сè уште е на претпандемиското ниво, се посочува во извештајот. Проблем е и планот на седумте водечки економии од Г7 за ограничување на цената на руската нафта со што треба да ѝ се намалат приходите на Русија, а со тоа и капацитетите за финансирање на војната во Украина, нагласува Банката. Со ограничување на рускиот извоз веројатно ќе следува остар и долготраен раст на цените, вклучувајќи ги и на храната, предупредуваат оттаму, затоа што маслодајните семиња и житариците повеќе ќе се користат за производство на биогорива како што се етанол и биодизел. бд/јт/

Остани поврзан