• вторник, 15 октомври 2024

„Балкански културни средби“, изложба на ликовни дела во Центар за култура Неготино 

„Балкански културни средби“, изложба на ликовни дела во Центар за култура Неготино 

Неготино, 14 октомври 2024 (МИА) - Дела од истакнати ликовни уметници се дел од изложбата што беше отворена вечерва во Центарот за култура  „Ацо Ѓорчев“ во  Неготино, во рамки на проектот „Балкански културни средби“. Настанот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, како проект од национален интерес. 

Делата беа создадени во рамките на ликовниот хепенинг, што пред неколку дена се реализираше во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“. 

-Насликани беа прекрасни дела во една извонредна атмосфера. Твореа реномирани уметници, кои долго време се бават со уметност и имаат зад себе оставено врвни дела. Илија Спасовски Чендо, Ќиро Јосифов, Горан Боев, Лазар Дојчинов, Ѓурѓица Андонова, Драгица Чекорова. Со ова уште еднаш се докажува долгогодишната соработка помеѓу уметниците од Неготино и Кавадарци, рече Виолета Стојановска, директорка на Центарот за култура. 

Создадените дела се изложени во фоајето на Центарот за култура. свд/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан