• понеделник, 09 март 2026

Балендра Шах го порази поранешниот премиер Оли во неговата изборна единица

Балендра Шах го порази поранешниот премиер Оли во неговата изборна единица

Катманду, 7 март 2026 (МИА) – Раперот кој стана политичар Балендра Шах го победи поранешниот непалски премиер Кхадга Прасад Шарма Оли во неговата изборна единица „Џапа-5“ на парламентарните избори во Непал, јпокажуваат резултатите од пребројувањето на гласовите објавени од изборната комисија.

Според последните податоци од пребројувањето, 35-годишниот поранешен градоначалник на Катманду и кандидат за премиер од центристичката Национална независна партија („Раштрија Сватантра“) освоил повеќе од 47.500 гласови.

Со ова водство, Шах веќе не може да биде стигнат од 74-годишниот Оли, чија влада претходно беше принудена да поднесе оставка по протестите предводени од млади од генерацијата „Зет“, кои ја потресоа земјата. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан