• петок, 22 ноември 2024

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар

Скопје, 28 март 2024 (МИА) -  Во државава нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски. 

- Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла. 

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб. мч/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан