• петок, 22 ноември 2024

Ајатолахот Али Хамнеи ги повика гласачите во што поголем број да излезат на изборите во Иран

Ајатолахот Али Хамнеи ги повика гласачите во што поголем број да излезат на изборите во Иран

Техеран, 25 јуни 2024 (МИА) - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги повика гласачите да излезат масовно на претседателските избори што ќе се одржат на 28 јуни со цел„да се победи непријателот“, осудувајќи ги политичарите кои веруваат дека сè добро доаѓа од САД.

Иако не прецизираше за кои претседателски кандидати станува збор, се верува дека изјавата на ајатолахот Али Хамнеи директно ја поткопува кандидатурата на единствениот кандидат за реформи, 69-годишниот кардиохирург Масуд Пезешкијан, пренесуваат светските агенции.

Во последните говори, Пезешкијан го повика Иран да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година и да се приближи до Западот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан