• петок, 22 ноември 2024

Ашер се ожени по третпат

Ашер се ожени по третпат

Лас Вегас, 13 февруари 2024 (МИА) - Американскиот пејач Ашер и неговата пет години помлада девојка Џенифер Гоjкочеа викендов се венчале во Лас Вегас, каде што тој настапи на полувремето на „Супербоулот“.

„Може да потврдиме дека Ашер и Џенифер Гоjкочеа го направија 'следниот чекор' во нивната врска и се венчаа во неделата вечерта во Лас Вегас опкружени со блиски пријатели и семејството“, изјави претставникoт на пејачот за „Пипл“ (People). - „И двајцата со нетрпение очекуваат да продолжат да ги воспитуваат своите деца заедно опкружени со љубов и им се заблагодаруваат на сите за убавите желби“.

Ашер (45) и Џенифер, која исто така работи во музичката индустрија, ги размениле заветите во „Тераса белведер“ - капела за венчавки на отворено којашто собира 30 гости. Мајката на Ашер, Џонета Патон, била сведок на венчавањето, според Изводот за брак.

Поп-пејачот од претходните два брака има две деца, а заедно со нововенчаната сопруга има уште две заеднички.  си/

Фото: Фејсбук, јавна објава

Остани поврзан