• понеделник, 29 јули 2024

АХК Северна Македонија организира посета на германска инвестиција „Маркарт“ во Велес

АХК Северна Македонија организира посета на германска инвестиција „Маркарт“ во Велес

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - АХК Северна Македонија, која е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји во светот, денеска организира посета за медиуми на германската инвестиција „Маркарт“ во село Долно Караслари, во Велес, со почеток во 09:00 часот. Домаќини на оваа посета ќе бидат Јурген Шмит, генерален директор на Маркарт Македонија и Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, Косово и Албанија.

- Со оваа посета сакаме да ги претставиме германските инвеститори одвнатре, како е организирано производство, како е организиран синџирот на добавувачи, што е она што ги прави толку успешни и исклучителни. Какви перспективи нудат овие компании за кариерен развој, колку соработуваат со локалите компании и какво е нивното досегашно искуство со програмата за дуалното стручно образование во земјата, велат од  АХК Северна Македонија.

Оттаму, посочуваат дека бројот на германски инвестиции во земјата од година во година расте, а германските инвеститори се најголемите работодавачи во земјата Тие вработуваат повеќе од 28 000 лица.

Според анкетата АХК Северна Македонија, германските инвеститори се оценети и како посакувани работодавачи.  

Во 2015 година, „Маркарт“ ја отвори својата фабрика во Велес, каде што се произведуваат автомобилски делови за „Audi“, „Mercedes“, „BMW“, „Opel“, „Skoda“, „Porsche“, „LG“. Компанијата вработува 840 луѓе и за 10 години работење во земјата инвестирала 76,5 милиони евра. ир/вг/

 

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан