• петок, 22 ноември 2024

Во Скопје за два и пол часа направени 150 тестирања на црн дроб

Во Скопје за два и пол часа направени 150 тестирања на црн дроб

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола“ денеска почнаа заедничка кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. 

Од мобилната медицинска екипа информираат дека денеска во Скопје за два и пол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш се упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија. 

Како што соопштија од Министерството за здравство, мобилната екипа, денеска попладне е лоцирана на градскиот плоштад во Куманово, каде од 17.30 до 19.30 часот граѓаните имаат можност да направат скрининг за Хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични заболувања на црниот дроб. 

Во вторник мобилната екипа ќе биде во Гостивар - од 9 до 11 часот, а попладне бесплатен скрининг ќе може да направат граѓаните од Тетово, во периодот од 17.30 до 19.30 часот. 

Во среда, мобилната екипа ќе биде лоцирана во Штип и Струмица - на градскиот плоштад во Штип бесплатно тестирање ќе се врши од 9 до 11 часот, а попладне граѓаните од Струмица ќе имаат можност за превентивен преглед од 17.30 до 19.30 часот. 

Во следниот период тестирањата ќе продолжат во Струга, Охрид, Битола и Кавадарци. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан