• сабота, 23 ноември 2024

Ауди 80 изгоре на магистралата Берово – Струмица

Ауди 80 изгоре на магистралата Берово – Струмица
Берово, 11 јануари 2020 (МИА) - Запалено возило денес околу 15:00 часот предизвика краток прекин во сообраќајот на патниот правец Берово – Струмица. Очевидци информираа за голем пламен кој можел да се забележи во околината на запаленото возило.

-Несреќата ја забележавме додека возевме во правец од Струмица кон Берово. Возилото од марката Ауди 80 целосно беше во пламен се наоѓаше на десната страна од коловозната лента, додека возачот и патниците беа надвор од автомобилот, информираа очевидци.

Како што додаваат надвор од возилото имало вкупно четири лица кои разговарале на телефон и најверојатно барале помош истото да биде отстрането од коловозот.вс/бт/

Остани поврзан