• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Атина денеска без такси превоз

Атина денеска без такси превоз

Атина, 15 април 2025 (МИА) – Таксистите во Атина во шест часот утрово започнаа 24-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) и бараат дозвола возилата да сообраќаат во специјалните сообраќајни ленти наменети за автобусите.

Од синдикатот соопштија дека по изјавата на заменик-министерот за транспорт дека ја исклучува можноста такси возилата да сообраќаат во автобуските ленти, управниот одбор свика вонреден состанок на кој беше одлучен денешниот штрајк. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан