• петок, 22 ноември 2024

Атентат во Ница: студент изведен пред правдата поради споделување на фотографија од жртвата

Атентат во Ница: студент изведен пред правдата поради споделување на фотографија од жртвата
Париз, 31 октомври 2020 (МИА) - Студен беше приведен во полиција вчера, доцна попладне, во просториите на бригадата за репресија на деликвенција против лица. Дваесетгодишниот студент ќе биде повикан на суд бидејќи на веб-страница објавил адреса до фотографија од една од трите жртви на смртоносниот напад со нож извршен во четвртокот во Ница, јави дописникот на МИА. Младиот човек „објави на форумот на страницата Jeuxvideos.com линк до друга страница каде се наоѓаше фотографијата на жртвата“, објавија француските медиуми повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Истрагата не може да утврди дали тој ја објавил сликата на оригиналната страница, додаде изворот. Ставен во притвор во петокот доцна попладне во просториите на бригадата за репресија на деликвенција против лица, тој ќе биде повикан на подоцнежен датум пред делегатот на обвинителот, соопшти обвинителството на Париз. Делегатот на обвинителот, кој има репресивна и едукативна улога, може да изрече алтернатива на гонењето - на пример, потсетување на законот, платена пракса или парична казна. Фотографијата на 60-годишната жена, која претрпе длабоко расекотина во грлото, близу до обезглавување, беше објавена на социјалните мрежи и на повеќе веб-страници. Платформата Фарос, одговорна за откривање на незаконска содржина на Интернет, регистрира неколку преноси на оваа ужасна слика. Покрај оваа жена, напаѓачот го убил сакристанот на базиликата Нотр-Дам-де-л-Асомпсион во Ница, Винсент Локес (55) и 44-годишната мајка со бразилско потекло , Симоне Барето Силва. Сторителот, 21-годишен Тунижанец, Брахим Исауи, бил запрен од полицијата која пукала неколку пати во него. Тешко повреден, тој сè уште е хоспитализиран. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан