• недела, 07 јули 2024

Асфалтиран дел од патот Шашаварлија-Кошево-Почивало

Асфалтиран дел од патот Шашаварлија-Кошево-Почивало
Штип, 9 ноември 2022 (МИА) - Асфалтиран е крак од патот Шашаварлија – Кошево – Почивало. По претходните активности со кои патот се подготви за асфалтирање денеска се постави и асфалтната маса. Со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и дел од Буџетот на Општина Штип се асфалтира еден километар од овој патен правец. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Рамиз Реџепи денеска извршија увид. - На мое огромно задоволство заедно со директорот на Бирото за регионален развој сме на патниот правец Шашаварлија – Кошево – Почивало. Како што знаете во изминатиот период се работеше на припреми за асфалтирање, а денес е завршната фаза од овој на дел на патниот правец кој е во вкупен износ од пет милиони денари, четири милиони денари се од Бирото, а еден милион денари се од Буџетот на Општина Штип. Ова за нас е дополнителен мотив за следната година да ги следиме сите програми кои ќе бидат објавувани и практично преку нив да аплицираме наши проекти, рече  Јорданов. Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Реџепи е задоволен од работата на терен. Посочи дека градоначалниците од источниот регион аплицираат со проекти и се инвестира во инфраструктурата. Додава дека ќе се издвојат 48 милиони денари од буџетот на бирото за реализација на проекти во сите општини во Брегалничкиот регион. - Денеска ми е чест да присуствувам заедно со градоначалникот на оваа делница, каде што и ние сме финансиери. Во петок ќе се потпишат договори со Источно планскиот регион каде ќе бидат опфатени сите општини, и ќе се издвојат 48 милиони денари,  додаде Реџепи. Реџепи упати јавна благодарност до градоначалниците од ИПР, бидејќи она што се финансира од нивна страна на терен  се работи се завршува квалитетно. вдј/сх/

Остани поврзан