• четврток, 27 јуни 2024

Астон вила го купи 18-годишниот Недељковиќ од Црвена ѕвезда

Астон вила го купи 18-годишниот Недељковиќ од Црвена ѕвезда

Бирмингем, 23 јануари 2024 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Црвена ѕвезда, Коста Недељковиќ, стана играч на Астон вила, објави на својата веб-страницата англискиот клуб.

Осумнаесетгодишниот Србин остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Црвена ѕвезда.

Недељковиќ потекнува од фудбалската школа на „црвено-белите“. За белградскиот тим одигра 18 натпревари на кои постигна две асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на дефанзивецот на 2,5 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан