• среда, 17 јули 2024

АСО ќе го одбележи Денот на осигурувањето

АСО ќе го одбележи Денот на осигурувањето

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) -  Со панел дискусија на тема „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)  денеска ќе го одбележи 1 Ноември, Денот на осигурувањето. На настанот ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

Во рамките на одбележувањето на Денот на осигурувањето, предвидено е и доделување  14 стипендии за студенти на математичките насоки на ПМФ, како и доделување награда за најдобар истражувачки труд на студент за влијанието на Ковид -19 пандемијата врз осигурителните пазари во земјите на Источна Европа.вј/хс/

Фото: АСО

 

Остани поврзан