Архиепископот Стефан во манастирот во Матка ќе чиноначалствува со литургијата по повод Голема Богородица
- Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манаст
![Архиепископот Стефан во манастирот во Матка ќе чиноначалствува со литургијата по повод Голема Богородица](https://new.mia.mk/images/20230825192716_big_730x400_93.webp )
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манастирите и црквите да се помолат пред Мајката Божја.
Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан по повод празникот ќе чиноначалствува со Светата божествена литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје. Литургијата започнува во 8:30 часот.
- Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на Успението на Пресвета Богородица. Ќе ни биде драго заедно со Вас, да и укажеме почит и благодарност на нашата Мајка и заштитничка Пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, е пораката што ја упати сестринството од Манастирот.
Во дворот на манастирот традиционално на овој ден се одржува крводарителска акција.
Сестринството упатува апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид -19: да се одржува физичко растојание од 1.5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот. ев/сп/
МИА Фото: Архива
![Богородица](/articles/images/%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%/ZRuxkiiVO/placeholder.webp?use_watermark=0)