• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Артета разочаран и бесен по поразот од Вест Хем

Артета разочаран и бесен по поразот од Вест Хем

Лондон, 23 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета е многу лут по поразот на неговиот тим во натпреварот од 26. коло од Премиер лигата.

„Топчиите“ вчера на свој терен загубија со 1:0 и направија чекор наназад во трката за трофејот.

- Многу сум разочаран и лут. Направивме многу работи погрешно од наша страна. Не ни дозволи да добиеме доволно динамика, доволно стабилност во играта. Загубивме многу топки и му дозволивме на Вест Хем да создаде опасни шанси, изјави Артета, за официјалниот сајт на клубот.

Арсенал е втор на табелата во Премиер лигата со 53 бода. Вест Хем е на 16. место со 30 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан