• понеделник, 23 декември 2024

Арсовска во посета на ликовна работилница по повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот

Арсовска во посета на ликовна работилница по повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот

Скопје, 3 април 20232(МИА) - По повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја посети ликовната работилница во дневниот центар на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.

Како што информираат од Град Скопје градоначалничката ќе предложела финансирање на проектирање и изградба на првиот центар за целодневна грижа, едукација и поддршка за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства.

- Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорната терапија и третманот на деца со аутизам кои активно ги спроведува здружението „Во мојот свет“. Преку реализацијата на овие активности се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на дечињата со аутизам, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и создавање услови за нивна самостојност, е наведено во соопштението. свс/сп/

Остани поврзан