• петок, 12 април 2024

Арсенал со триумфот над Вест Хем ја израмни највисоката гостинска победа

Арсенал со триумфот над Вест Хем ја израмни највисоката гостинска победа

 

Лондон, 11 февруари 2024 (МИА) – Во натпреварот од 24 коло во Премиер лигата меѓу лондонските ривали Вест Хем и Арсенал (0-6), домашниот тим вчерва го израмни највисокиот пораз пред своите гледачи, а тимот на Микел Артета го израмни највисокиот триумф на гостински терен во клупската историја.

Арсенал веќе во првото полувреме постигна четири голови и тоа во периодот од 32 до 45 минута, а во вториот дел со уште два гола го декласираа градскиот ривал.

Тренерот на Вест Хем, Дејвис Мојс, втор пат во кариерата предводеше тим кој на домашен терен прими шест голови во Премиер лигата. Прв пат тоа му се случи на клупата на Евертон, исто така, против Арсенал, кој во септември 2009 година победи со 6-1.

Стрелци за Арсенал во денешниот триумф беа Вилијам Салиба (32 минута), Букајо Сака (41 ми, пенал, 63), Габриел Магалаеш (44), Леонардо Тросард (45+2) и Деклајн Рајс (65). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан