Армиски хеликоптер е упатен кон Берово
- Еден армиски хеликоптер веќе е на пат кон Беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци е надвор од контрола. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за МИА информира дека до
Берово, 21 јули 2022 (МИА) - Еден армиски хеликоптер веќе е на пат кон Беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци е надвор од контрола.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за МИА информира дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини.
Забележа дека ситуацијата се следи, бидејќи доцна попладнето се разгори пожарот и излезе надвор од контрола веќе за утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, а доколку има потреба ќе се активира и ЕР-трактор.
Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пеќевски вели дека сите институции се ангажирани во гаснењето на овој голем пожар и во моментов со помош на дрон ќе направат снимка и проценка на тоа каде и во кој правец се движи огнената стихија бидејќи теренот е непристапен и е во планински предел.
Пред час и половина тој го повика и месното население да е вклучи во гасењето на пожарот.
Посочи дека веќе имаат индиции дека пожарот е подметнат. На терен веќе е инспектор за пожари и се прават разговори со месното население. вдј/аа/