• понеделник, 23 декември 2024

Аргентинскиот парламент го врати на ревизија нацрт-законот на претседателот Милеи за големи реформи

Аргентинскиот парламент го врати на ревизија нацрт-законот на претседателот Милеи за големи реформи

Буенос Аирес, 7 февруари 2024 (МИА) - Сеопфатниот пакет економски реформи за кои се залагаше аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ќе биде вратен на разгледување на законодавната комисија, соопшти синоќа партијата на претседателот.

Ова претставува голем чекор наназад за нацрт-законот, откако пратениците отфрлија многу од неговите одредби.

Предлог-законот беше отфрлен став по став, откако пратениците го одобрија во целост кон крајот на минатата недела. Веќе беше значително ревидиран од пратениците, но сепак вклучуваше одредби со кои се дозволува приватизација на државните структури, измени на стотици регулативи и мерки за да се овозможи намалување на државните субвенции.

Владејачката партија на Милеи, која контролира мал број места во Конгресот, го критикуваше, како што рече, предавничкото однесување на пратениците кои се противат на законот и призна дека тој сега мора да се врати на комисијата.

Некои пратеници од опозицијата ги повикаа на компромис оние кои го поддржуваат пакетот реформи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан