• сабота, 15 јуни 2024

Арапите го прават Ван Дaјк најплатен дефанзивец во светот

Арапите го прават Ван Дaјк најплатен дефанзивец во светот

Ријад, 14 јуни 2024 (МИА) - Тимот од Саудиска Арабија, Ал-Наср се насочи кон потпишување на дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, пренесува „Марка“.

Според изворот, раководството на клубот веќе одржало состанок со претставници на холандскиот интернационалец. Ал-Наср е подготвен да му понуди на Ван Дајк договор што ќе го направи најплатениот дефанзивец во светот.

Холанѓанецот ќе биде единствената европска фудбалска ѕвезда со која саудискиот клуб се надева дека ќе потпише ова лето.

Ван Дајк игра за Ливерпул од јануари 2018 година. Оттогаш, 32-годишниот дефанзивец забележа 270 настапи за „црвените“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и 12 асистенции.

Пазарната вредност на играчот е 30 милиони евра според порталот „Трансфермаркт“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан