Арагчи: Иран и САД се приближуваат во ставовите, продолжуваме со разговорите
- Непосредно по индиректните разговори за иранската нуклеарна програма во Оман, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, објави дека средбите со САД се одвивале во „продуктивна и позитивна атмосфера“.

Мускат, 12 април 2025 (МИА) - Непосредно по индиректните разговори за иранската нуклеарна програма во Оман, заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, објави дека средбите со САД се одвивале во „продуктивна и позитивна атмосфера“.
Арагчи, во објава на Телеграм, соопшти дека по завршувањето на индиректните преговори, двете делегации имале и куса директна средба.
Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди, кој беше посредник во разговорите, исто така изјави дека тие се одржале во „пријателска атмосфера која придонела за приближување на ставовите“.
Според Арагчи, разговорите ќе продолжат следната недела. ссм/
фото: ЕПА