• петок, 05 декември 2025

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

15 октомври 2025

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи се обрати на, како што вели, „апатичните надпартиски негласачи“, објаснувајќи на едноставен начин како функционира македонскиот изборен систем без цензус и според Донтова формула, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го објавува интегрално.

„Имаш 1.000 гласачи. 900 од нив, со менталитет ’ние не сме партија’, не излегуваат на гласање! Останатите 100 партијаши гласаат и одлучуваат кој ќе биде власт. Ете, така. Толку е просто“, напиша Апасиев.

Во продолжение порачува „После ова, пак не гласај! Ама немој ни да плачеш, о ти превозвишен ’граѓанецу’, коа вмрааната ќе ти го крои животот у твојата општина“.


https://www.facebook.com/share/p/1P3VBGkpDp/
 

Остани поврзан