• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната

Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната

Мадрид, 24 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го оцени настапот на тимот на вчерашниот натпревар од 25. коло од Примера против Жирона (2:0).

- Добро го контролиравме натпреварот, игравме добро. Одлично ни оди, најдобрата вест на денот е враќањето на Алаба. Играше многу добро 60 минути. Некои од нашите дефанзивци почнуваат да се враќаат - Валверде, Рудигер. Во одлична форма се приближуваме до најважниот дел од сезоната, изјави Анчелоти за „Marca“.

Реал Мадрид има 54 бодови и се израмни со Барселона на врвот на табелата во Примера. 

Следниот натпревар од шпанското првенство „Кралевите“ го играат на 1 март против Бетис. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан