• петок, 14 јуни 2024

Анчелоти: Мојот договор со Реал завршува во 2024 година, планирам да го финализирам до крај

Анчелоти: Мојот договор со Реал завршува во 2024 година, планирам да го финализирам до крај

Мадрид, 2 април 2023 (МИА) - Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по денешната убедлива победа над Ваљадолид (6:0) во 27. коло од шпанската Ла Лига, проговори за својата иднина во клубот од Мадрид.

 

- Уверен сум поради играчите што ги имам и поддршката од клубот. Јас веќе ја кажав мојата иднина јасно. Договорот ми завршува во 2024 година и планирам да го завршам до крај. Ако сите во Реал Мадрид се среќни, тогаш ќе останам и до 2034 година, го цитира Анчелоти новинарот Фабрицио Романо.

 

Шеесет и тригодишниот фудбалски по втор пат го презема Реал Мадрид во летото 2021 година. Пред тоа тој веќе соработуваше со „Кралевите“ од 2013 до 2015 година.

Под водство на Анчелоти, Реал Мадрид двапати ја освои Лигата на шампионите. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан