• понеделник, 26 август 2024

Анчелоти го пофали дебито на Ендрик

Анчелоти го пофали дебито на Ендрик

Мадрид, 26 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати комплименти на новодојдениот во тимот, напаѓачот Ендрик. 

Во дебитантскиот натпревар со Ваљадолид одигран вчера (3:0), 18-годишниот фудбалерот постигна гол.

„Ендрик изгледаше добро на теренот. Има голем потенцијал, благодарение на голот ги видовме неговите силни страни. Играчот има одлична контрола и добар шут. Во шеснаесетникот тој е неверојатно опасен, ги цитира ESPN зборовите на Анчелоти.

Ендрик се пресели во Реал Мадрид од бразилски Палмеирас за 47,5 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан