• понеделник, 01 јули 2024

Анкета: Половина од Грците незадоволни од владините мерки за справување со пандемијата

Анкета: Половина од Грците незадоволни од владините мерки за справување со пандемијата
Атина, 20 април 2021 (МИА) – Незадоволство од мерките на грчката Влада за справување со пандемијата изразуваат 51 отсто од граѓаните, додека пак 55 проценти се задоволни од планот и спроведувањето на процесот на имунизација во земјата согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за телевизијата „Open“, јави дописничката на МИА од Атина. Владините мерки, 40 отсто од испитаниците ги оцениле позитивно, а во споредба со истражувањето пред еден месец, зголемен е бројот на незадоволни, а намален на задоволни граѓани. За евентуалното олабавување на рестрикциите, 62 отсто од анкетираните сметаат дека за Велигден треба да се дозволи движење меѓу регионите, односно патување од еден во друг град, додека пак 64 отсто од испитаниците сметаат дека неодамнешните одлуки на Комисијата на епидемиолози се под влијание на желбите на Владата. Во однос на политичката сцена и рејтингот на партиите, владејачката Нова демократија е за 13,6 отсто во предност пред опозициската СИРИЗА, а потоа следат Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25. На прашањето во кого имате повеќе доверба како премиер, Кирјакос Мицотакис добива 43 отсто, Алексис Ципрас 23 проценти, а речиси тројца од десет анкетирани, односно 29 отсто одговориле дека во никој немаат доверба. Истражувањето на агенцијата „Alco“ за телевизијата „Open“ било спроведено од 12 до 16 април со учество на 1.000 лица со право на глас.ср/сд/

Остани поврзан