• недела, 07 јули 2024

Андоновски: Промена на изборен модел на три месеци пред избори не е соодветно

Андоновски: Промена на изборен модел на три месеци пред избори не е соодветно
Скопје, 22 јуни 2021 

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ коментирајќи ја одлуката да не се определи датум за старт на преговори за Македонија и ЕУ само ги потврдуваат ставовите на партијата дека тоа е резултат на политиката на Зоран Заев.

„Денес се случи она за што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот е недостижен додека е Заев на власт. Има и две лоши тенденции, едната е дека Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криењето за што се разговара и никој нема да се врати чекор назад и второ, настанот ја покажа анемичноста на македонската дипломатија. Македонија денес требаше да има претставници во европските метрополи. На пример за Албанија е кажано да видиме како ќе се развива ситуацијата, тоа е одработено од страна на Албанија, но не е ништо одработено од надлежните во Македонија“, рече Андоновски.

Говорејќи за промена на изборен модел, Андоновски рече дека став на партијата е дека мнозинскиот изборен модел би дал добри резултати на директност на избирањето, ако тоа ние целта што треба да се постигне.

„Промена на изборен модел на три месеци пред избори не е соодветно, посебно кога не се знае што се сака ниту со отворените листи, односно кој модел на отворени листи го сакаме во Европа има десетици видови“, рече Андоновски.

Тој укажа дека партијата се залага за избори во еден изборен круг и оти треба заедно да се отворат темите и за отворени листи и градоначалник во еден круг.

За темата за соработка и коалиции, Андоновски рече дека, ВМРО-ДПМНЕ е отворена за соработка со сите.

„Слоганот Македонија за сите луѓе најдобро го кажува тоа како ВМРО-ДПМНЕ ја гледа Македонија. Ние не ја гледаме државата како држава на две пруги, на една оние од власта, другата за сите други, а тука се буквално сите. Ние не го менуваме концептот за македонско национално единство и сакаме да ја извадиме Македонија од двостепеност или на пример за некој има вакцини за некој не“, рече Андоновски.

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки   2021-06-22 16:22:21, од Марија Спасовска

Остани поврзан