• петок, 22 ноември 2024

Англија последен полуфиналист на ЕВРО 2020

Англија последен полуфиналист на ЕВРО 2020
Рим, 3 јули 2021 (МИА) – Фудбалерите на Англија ќе играат во полуфиналето на Европското првенство 2020, откако вечерва во последното четвртфинале ја победија Украина со убедливи 4:0. На средбата одиграна во Рим, двоен стрелец беше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој погоди во 4. и 50. минута. По еден гол постигнаа дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и играчот за врска на Ливерпул, Џордан Хендерсон. Украина го заврши настапот на турнирот, а репрезентацијата на Англија во полуфиналето ќе игра со Данска. Во другото полуфинале ќе се соочат Италија и Шпанија. зс/

Остани поврзан