• сабота, 29 јуни 2024

Англија без победа на шест натпревари по ред за прв пат по три децении

Англија без победа на шест натпревари по ред за прв пат по три децении
Лондон, 27 септември 2022 (МИА) – Фудбалската репрезентација ја продолжи серијата без победа. Во последното коло од групната фаза на Лигата на нации, избраниците на селекторот Герет Саутгејт синоќа ремизираа со Германија 3:3. Англичаните немаат добиено шест натпревари по ред (три порази и три нерешени). На ова натпреварување Англија постигна четири гола, а прими 10. Двапати загуби од Унгарија (0:1, 0:4), а загуби и од Италија (0:1). Три нерешени - против Германија (1:1, 3:3) и Италија (0:0). Последен пат Англија беше без победа на шест натпревари по ред во 1993 година. Британците по резултатите од последното коло испаднаа во Лигата Б од Лигата на нации. зс/

Остани поврзан