• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Англија без Палмер против Албанија

Англија без Палмер против Албанија


Лондон, 21 март 2025 (МИА) – Напаѓачот на лондонски Челзи, Кол Палмер, ќе го пропушти денешниот воведен квалификациски натпревар за Светското првенство меѓу Англија и Албанија поради повреда на мускулот, објави англискиот селектор Томас Тухел.
Палмер се најде на списокот на Тухел за мартовските мундијалски квалификации и се очекуваше дури и да биде стартер. Но, неговиот клуб го повлече од репрезентативниот камп за да биде подложен на темелно испитување.
„Кол нема да биде со нас. Имаше повеќе проблеми за време на последниот натпревар со Челзи. Нема шанси да го искористиме“, изјави Тухел.
Англија вечерва на „Вембли“ во Лондон ја пречекува Албанија, по што в понеделник ѝ гостува на Летонија во вториот натпревар во рамки на групата К во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан