• недела, 07 јули 2024

Ангелов: Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, останатите делови се изгаснати

Ангелов: Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, останатите делови се изгаснати

Скопје, 27 август 2023 (МИА) -  Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изгаснати, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

- Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, истакна Ангелов.

Додаде дека се очекува да биде целосно изгаснат во следните неколку часа и дека засега нема потреба од интервенција на воздухоплови.

- Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС, вели Ангелов. сх/вј/

Фото: ЦУК

Остани поврзан