• четврток, 18 април 2024

Ангела Петрушевска најдобар млад автор на стрип натпреварот во Ваљево, Србија

Ангела Петрушевска најдобар млад автор на стрип натпреварот во Ваљево, Србија

Велес, 3 јуни 2023 (МИА) - Ангела Петрушевска средношколка од Скопје во категорија најдобри стрип автори до 18 години го освои првото место на 6. Ваљевски стрип фестивал во соседна Србија, кој беше отворен синоќа.

 Ангела Петрушевска ученичка во ДСУЛУД „Лазар Личеноски “ од Скопје.

Организатор на фестивалот  е Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград.

На овој фестивал, меѓу другите содржини се доделија наградите од стрип конкурсот објавен уште есента 2022 година и организирата изложба од делата по истиот конкурс

Специјална награда за педагошка работа на фестивалот во Ваљево доби и Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

Воедно, специјално признание доби и наменскиот проект „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “(Роми з.а ) имплементиран од Македонскиот стрип центар-Велес и Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Скопје.

Томе Трајков, програм координатор во СЦМ-Велес информира дека нивната организација уште од формирањето има успешна меѓународна соработка.

Тој потсети дека во склопот на Ваљевскиот стрип фестивал во 2019 година  беше отворена и изложба на современи македонски стрип автори на кој учествува како специјален гостин.

-Околу фестивалот во Ваљево можам да кажам дека спаѓа во редот на бројни вакви настани во соседна Србија и е од оној тип кој овозможува блиска комуникација помегу присутните учесници, вели Трајков.

Тој за младата македонска стрип авторка Ангела Петрушевска потенцира дека со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред.

-Таа се повеќе прераснува во вистински Амбасадор на македонскиот стрип центар, а наскоро ќе учествува и на други вакви настани, надвор од земјава, најави Трајков.

Тие во неможност да присуствуваат на фестивалот во Ваљево, наградите ќе им бидат пратени по пошта. ад/свс/

Остани поврзан