• сабота, 21 декември 2024

Анализата на водата зa пиење во Скопје одговара на Правилникот на градското водоводно претпријатие

Анализата на водата зa пиење во Скопје одговара на Правилникот на градското водоводно претпријатие
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - Водата која граѓаните на Скопје ја користат за пиење од водоводната мрежа на ЈП Водовод и канализација – Скопје, одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во неделниот извештај на ова градско претпријатије. - Секторот за санитарна контрола во периодот од од 26.10.2020 до 30.10.2020 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје. оџ/ац/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан