• вторник, 05 ноември 2024

Американски рапер сака да си купи планета

Американски рапер сака да си купи планета
Лос Анџелес, 28 јули 2021 (МИА) - Американскиот рапер Лил Узи Верт изјави дека има намера да ја купи џиновската гасовита планета регистрирана под името ВАСП-127-б, што сигурно би било прво купување од овој вид во светот. Контроверзниот Узи претходно го привлече вниманието на јавноста кога во челото „си вгради“ дијамант од 24 милиони долари и му се придружи на пејачот Гримс во намерата да си стават компјутерски чипови во мозоците, па и двајцата да го стекнат „знаењето на боговите“. За разлика од чиповите во главата, се чини, музичарот нема да наиде на разбирање кај „вселенската заедница“ по оваа нова замисла. Тоа е така затоа што откупот на планета засега не е ниту правно можно, па ни во симболична смисла. Сепак, овој маркетинг-трик покренува важни прашања за тоа кој би имал имотни права над територии надвор од планетата Земја и што сѐ треба да се промени за тоа да се примени? Иако на Твитер, Лил Узи Верти и Грајмс разменија пораки во кои се тврди дека се „на чекор од потпишување историски договор за набавка“, тоа (сѐ уште) не е можно во пракса, освен ако не се граѓани на повисока (вонземска) цивилизација, како што се шегуваат американските медиуми. Овој договор не е можен, меѓу другото, и бидејќи Меѓународниот вселенски договор од 1967 година сѐ уште е во сила во меѓународното право. Со него, се забранува сопственост на поединци и влади над територии надвор од Земјината Орбита.  си/

Остани поврзан