• понеделник, 16 март 2026

Пердуви на „Црвениот тепих“ на „Оскарите“, Никол Кидман носеше креација на „Шанел“

Пердуви на „Црвениот тепих“ на „Оскарите“, Никол Кидман носеше креација на „Шанел“

Лос Анџелес, 16 март 2026 (МИА) - Австралиската глумица Никол Кидман на „Црвениот тепих“ на „Оскарите“ се појави во гламурозен фустан од „Шанел“, направен од свилен материјал во светлорозова нијанса и богато украсен со кристали и монистра на горниот дел. Но, она што, според познавачите, остави посебен впечаток беше струкот украсен со пердуви во тонови на розова, беж и боја на кајсија.

Пердувите се спуштаа по здолништето, создавајќи драматичен ефект, велат познавачите... Дизајнот е прилагодена верзија на модел на тоалета од колекцијата на висока мода на „Шанел“ за оваа пролет 2026, создадена од креативниот директор Матје Блази.

Оригиналниот модел има висока јака, но беше променет во издание без прерамки, за Кидман за да изгледа поелегантно и посоодветно за вчерашната свечена пригода. Дивата го дополни својот изглед со модни додатоци од „Шанел“ - обетки и 18-каратен прстен од бело злато украсен со бисери и дијаманти.

„Пердувести“ тоалети и костими носеа и номинираната Тејана Тејлор, Бела Торн, Пријанка Чопра-Џонас, добитничката Ејми Мадиган, Ана Винтур, Деми Мур...

Иако не беше номинирана за награда оваа година, Кидман беше доделувачка, при што повторно се сретна со нејзиниот колега-глумец од „Мулен руж“ - Јуан Мекгрегор на сцената, за да ја одбележат својата 25-годишнина. Филмот „Една битка по друга“ освои „Оскари“ за, најдобар режисер, адаптирано сценарио, споредна машка улога (Шон Пен), монтажа, кастинг и најдобар филм. Никол Кидман го објави добитникот на главното признание на крајот.  си/сд/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечоци

Остани поврзан