• петок, 22 ноември 2024

Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар во недела пристигнува во БиХ

Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар во недела пристигнува во БиХ
Сараево, 2 ноември 2021 (МИА) – Специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во недела ќе пристигне во официјална посета на Босна и Херцеговина, јави порталот Кликс.ба. Долгоочекуваната посета на Ескобар ќе се случи кон крајот на оваа недела и почетокот на следната недела. За време на престојот во БиХ, американскиот функционер ќе оствари бројни разговори со политичките лидери во земјата. Оваа посета се очекува по седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ, која најверојатно ќе се одржи утре. Многумина очекуваат тој да излезе со конкретни решенија за актуелната политичка криза, односно да создаде процес на деблокирање на институциите и да го спречи колапсот на институциите на Босна и Херцеговина, пишува порталот. Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан пристигнува во време на длабока политичка криза во БиХ, а неодамна изјави дека потезите на членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик се незаконски и дестабилизирачки и ги повика политичките лидери во БиХ да не одговараат на неговата реторика со што дополнително ќе ја заострат ситуацијата. јт/

Остани поврзан