• недела, 24 ноември 2024

Американската морнарица прогласи за мртви двајца пилоти чиј борбен авион се урна за време на тренажен лет

Американската морнарица прогласи за мртви двајца пилоти чиј борбен авион се урна за време на тренажен лет

Вашингтон, 20 октомври 2024 (МИА) - Двајца воздухопловци кои исчезнаа откако борбен авион се урна на планински терен во државата Вашингтон за време на рутински тренинг лет се прогласени за мртви, соопшти денеска американската морнарица.

Авион EA-18G Growler се урна источно од планината Рение во вторникот попладне. Тимовите за пребарување, вклучително и хеликоптер на американската морнарица, беа лансирани во обид да го пронајдат екипажот и местото на несреќата.

Спасувачите ги лоцираа остатоците во средата во оддалечена, стрмна и пошумена област источно од планината Рение, соопштија официјални лица.

-Имињата на воздухопловците нема да бидат објавени дури еден ден откако ќе бидат известени нивните најблиски, се вели во денешното соопштение на морнарицата, додавајќи дека причината за несреќата сè уште е под истрага. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан