Американската државна обвинителка го назначи шефот на ДЕА за комесар на вашингтонската полицијата, одлуката оспорена од градоначалничката демократка
- Баузер истакна на мрежата X дека законот не му дава на федерален функционер надлежност врз полициските сили во округот, додека Швалб напиша писмо во кое наведува дека наредбата на Пам Бонди е „нелегална“ и дека од сегашниот шеф на МПД не се бара да ја спроведе.
Вашингтон, 15 август 2025 (МИА) - Американската државна обвинителка, Пам Бонди, издаде директива со која шефот на Администрацијата за борба против дрога (ДЕА), Тери Кол, го именува за „комесар на полицијата за итни случаи“ на Метрополитенската полициска станица во Вашингтон (МПД).
Потегот на Бонди предизвика остри критики од градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер, и окружниот обвинител Брајан Швалб, јавија британските медиуми.
Баузер истакна на мрежата X дека законот не му дава на федерален функционер надлежност врз полициските сили во округот, додека Швалб напиша писмо во кое наведува дека наредбата на Пам Бонди е „нелегална“ и дека од сегашниот шеф на МПД не се бара да ја спроведе.
Според директивата, Кол ги презема сите овластувања и должности на шефот на полицијата во Вашингтон, вклучително и издавање наредби до членовите на МПД, а актуелното раководство мора да добие негово одобрение за какви било натамошни одлуки.
Меѓутоа, Законот за самоуправа на дистриктот Колумбија не му дозволува на претседателот или неговиот делегат да го променат синџирот на командување или да го отстранат шефот на полицијата, поради што наредбата на Пам Бонди е прогласена за „ultra vires“, односно надвор од законските овластувања.
Ова се случува во контекст на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за распоредување неколку стотини припадници на Националната гарда во Вашингтон и привремено преземање на контролата врз полицијата, наведувајќи ја потребата од ограничување на криминалот.сд/
фото:ЕПА